Дома Трансфер зона „Сагата за Халанд влегува во завршна фаза, само два клуба се во игра“

„Сагата за Халанд влегува во завршна фаза, само два клуба се во игра“

Aко веруваме на Јан Аге Фјортоф поранешен фудбалер кој важи за десна рака на семејството Халанд во трката за напаѓачот се само два клуба – Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повремено тој зборуваше на оваа тема и до денес ги даваше најточните информации, а сега вели дека само споменатите два клуба се во игра да го доведат Халанд.

„Сагата околу Халанд влегува во завршна фаза и фаворити за неговиот потпис се Манчестер СИти и Реал Мадрид. Многу клубови ќе кажат дека Халанд е прескап, но реалноста е дека тие два клуба се во игра кој ќе победи останува да видиме“, изјави Аге.

Халанд на трансфер пазарот вреди околу 75 милиони евра колку што ќе добие Борусија Дортмунд, дополнителни 50 веројатно ќе завршат на сметката на Мино Раиола и Алфи Халанд. Самиот играч би требало да добие плата помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…