Дома Фудбал Италија Мино Раиола отпуштен од болница

Мино Раиола отпуштен од болница

Фудбалскиот менаџер, Мино Раиола денес бил отпуштен од болница во Милано, соопштија италијанските медиуми.

Според „Билд“ вчера Раиола итно бил примен во интензивното оделение на клиниката „Сан Рафаело“ поради белодробни проблеми, а весникот извести дека е во тешка состојба.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


54-годишниот менаџер по втор пат беше задржан во болницата во период од десетина дена, но медиумите во Италија пренесуваат дека ситуацијата е стабилна и денес бил отпуштен од болница.

„Билд“ истакна дека поради нарушеното здравје на Раиола била одложена и средбата помеѓу него и раководството на Борусија Дортмундм на која требало да се одлучува за иднината на Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јунајтед ја одреди цената за Рашфорд

Во Манчестер Јунајтед ја одредија цената на Маркус Рашфорд. Според шпанскиот весник AS „цр…