Дома Трансфер зона Постигнат договор: Модриќ и Реал Мадрид ја продолжуваат соработката

Постигнат договор: Модриќ и Реал Мадрид ја продолжуваат соработката

Лука Модриќ и наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот играч за врска со „кралевите“ има договор до крајот на сезоната, а како што пренесуваат шпанските медиуми двете страни постигнале согласност за продолжување на соработката.

Позната е политиката на Реал Мадрид на постарите играчи да им дава договор само на една година, па така Модриќ ќе потпише до летото 2023 година. Дресот на Реал Модриќ го носи од 2012 година кога пристигна од Тотенхем и во Мадрид освои се што можеше да освои.

Со Реал Мадрид четири пати беше шампион на Европа и светот, два пати шампион на Шпанија, еден трофеј освои во шпанскиот куп, а по три во шпанскиот и УЕФА Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…