Милан постигнал договор со агентот на Рафаел Леао за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.
22-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и обезбеди повик во португалската репрезентација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Леао веќе го привлекува вниманието на многу европски гиганти, па Милан сакаше брзо да реагира и започна преговори за нов договор.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека веќе е постигнат комплетен договор и наскоро Леао ќе стави потпис на нов договор до 2026 година.
Португалецот ќе добие значително зголемување на платата и со новиот договор ќе заработува 4 милиони евра по сезона.