Дома Фудбал Италија Разми го чини Јувентус поскапо од Роналдо

Разми го чини Јувентус поскапо од Роналдо

Арон Рамзи пристигна во Јувентус во 2019 година, но никогаш не ги оправда очекувањата, пред се поради големиот број на повреди.

Иако Велшанецот пристигна како слободен агент, според „Тутоспорт“ расходите за одиграните минути во 2021 година се поголеми од тие на Кристиано Роналдо, кој имаше огромна плата во Торино.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Рамзи одиграл само 840 минути во 2021 година, што пресметано значи дека добивал 8928 евра по минута. Кристиано, кој играше редовно, го чинел клубот 7921 евра по минута.

Рамзи оваа сезона одигра само три меча и не се вклопува во формацијата на Масимилиано Алегри, па клубот се обидува да се ослободи од него. Меѓутоа, токму неговата висока плата е пречка при евентуален трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се подготвува контроверзен трансфер: Младата ѕвезда на Реал доаѓа во Барселона?

Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да заст…