Дома Трансфер зона Гвардиола: Манчестер Сити нема да доведе напаѓач во јануари

Гвардиола: Манчестер Сити нема да доведе напаѓач во јануари

Maнчестер Сити е еден од клубовите кои се поврзува со српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ, но судејќи според изјавата на Пеп Гвардиола од тоа нема да има ништо. Барем не во јануарскиот преоден рок.

„Нема да доведеме ниту еден напаѓач во јануари“, истакна Шпанецот на прес-конференцијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова значи дека шампионот на Англија цела сезона ќе ја игра само со еден класичен шпиц – Габриел Жесус. Веќе е познато дека Феран Торес е пред трансфер во Барселона и за таа зделка се чека само официјална потврда.

Меѓутоа Гвардиола најмалку го користеше Бразилецот во претходниот период. Во улога на централен напаѓач кај Пеп во изминатиот период беа Фил Фоден, Рахим Стерлинг, па и Ријад Марез.

Нема дилеми дека на лето „граѓаните“ ќе доведат нов напаѓач, меѓутоа до тогаш Пеп смета дека може да издржи со еден класичен шпиц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…