Дома Фудбал Италија Осимен ги израдува Наполи и Нигерија

Осимен ги израдува Наполи и Нигерија

Виктор Осимен ги обнови тренинзите денес со Наполи и ќе биде спремен за Африканскиот Куп на нации, пренесуваат италијанските медиуми.

Осимен се здоби со фрактура на лицето за време на дербито со Интер на 21 ноември, по што му беше направена операција.

Првичните прогнози беа дека напаѓачот ќе биде надвор од терените после три месеци, но тој многу порано започна со тренинзи со заштитна маска.

Се очекува Осимен да биде спремен за Африканскиот Куп на нации, кој почнува на 6 јануари каде ќе игра со нигериската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флик даде „зелено светло“: Барселона носи играч кој никој не го очекуваше во дресот на овој клуб

Ханси Флик донесе одлука која ќе ги изненади сите навивачи на Барселона, a станува збор за…