Дома Фудбал Италија Венеција – Лацио: Ќе врзе ли Лацио две победи во серија, за прв пат од aвгуст!?

Венеција – Лацио: Ќе врзе ли Лацио две победи во серија, за прв пат од aвгуст!?

Лацио игра против Венеција денес знаејќи дека им се потребни трите бода за да останат во непосредна близина на првите седум екипи во Серија А.

И покрај тоа што е во серија од пет натпревари без победа, Венеција има седум бода предност пред зоната за испаѓање, што им дава доволно кредити пред продолжувањето на сезоната после Божиќ.

Лацио сонува за две победи во серија


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Замислете, Лацио нема две победи по ред во Серија А уште од месец Август, па од таа гледна точка Лацио може да се смета за среќен што се уште е дури и на осмото место на табелата.

Како и да е, останува притисокот врз Маурицио Сари да го дигне тимот на едно повисоко ниво. Сари нема премногу време и мора веднаш да почне да победува, да влезе конечно во победничка серија. Во моментов тие имаат девет бода заостанување од четвртопласираната Аталанта. А токму четвртото место е амбицијта на Лацио до крајот на сезоната.

Победата од 3:1 над борбената Џенова изминатиот викенд беше уште еден чекор во вистинската насока, но Бјанкочелестите неможат д анапредуваат доколку не се подобрат на гостински терен и не почнат да победуваат во серија.

Само две победи од девет натпревари на нивните патувања, се катастрофален епилог иако тие на предпоследното гостување одиграа најдобро, на 5-ти Декември кај Сампдорија славејќи со 1:3.

Венеција останува големо изненадување

Венеција останува како едно од изненадувањата сезонава и покрај тоа што се во една лоша серија. Венеција заврши на 5-то место во Серија Б, но и од таа позиција успеа во разигрувањето да ги елиминира Цитадела и Лече и да обезбеди пласман во италијанската елита.

Но сите очекувања пред сезоната беа дека тимот експресно ќе испадне. Сепак, од оваа гледна точка, Венеција има огромни шанси за опстанок.

Иако неуспехот да победи во Серија А уште од 21-ви Ноември не е идеален, Паоло Занети е повеќе од задоволен од својот тим. Но по онаа серија на порази, на последните два меча Венеција забележа две ремија и тоа со Сампдорија и Јувентус, а натпреварот со Лацио е продолжение на тешката серија на натпревари која ќе трае до почетокот на Февруари.

ТИП:

ВЕНЕЦИЈА – ЛАЦИО – 2 @ 1.90 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …