Дома Фудбал Италија Алегри: Зимскиот трансфер пазар нема да ги реши проблемите на Јувентус

Алегри: Зимскиот трансфер пазар нема да ги реши проблемите на Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри смета дека јануарискиот преоден рок нема да ги реши проблемите на „старата дама“.

„Бјанконерите“ лошо ја почнаа сезоната, моментално се на 7-то место на табелата, а медиумите шпекулираат дека Јувентус сака значително да се засили во зимскиот преоден рок.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Работевме добро оваа недела. Дибала, Киеза и Данило добро закрепнуваат, но нема да бидат спремни за утре против Болоња. Жалам што немаме толку бодови колку што засилувжуваме. Невозможно е да освоиме само два бода против Удинезе, Сасуоло, Емполи и Венеција“, истакна Алегри.

„Сега нема смисла да зборуваме за трансфери, бидејќи сметам дека јануарскиот преоден рок нема да ги реши нашите проблеми. Не очекуваат важни натпревари, јануари и февруари се најважни месеци“, додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

После 13 години си заминува креаторот на најголемите успеси на Сити

Чики Бегиристаин, спортскиот директор на Манчестер Сити кој е архитект на сите најголеми у…