Удинезе ја оправда фаворитската улога и го совлада Кротоне (4:0) во 16 финалето од италијанскиот Куп.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски доби шанса и одигра триесетина минути на мечот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пусето го отвори резултатот со гол во 20. минута, а само осум минути подоцна Де Маио зголеми на 2:0. До крајот на полувремето Саксес зголеми на 3:0.
Во второто полувреме немаше возбуда бидејќи победникот беше јасен, а конечните 4:0 ги постави Пусето.
Во следното коло Несторовски и дружината ќе ги одмерат силите со Лацио.