Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Аталанта, Луис Муриел сака да ја промени средината.
Муриел минатата сезона беше еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, но оваа сезона ретко се наоѓа во стартниот состав.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
30-годишниот напаѓач оваа сезона на 10 настапи постигна 2 гола и смета дека сега е вистинско време да направи чекор напред во кариерата.
Колумбиециот наводно го информирал раководството на Аталанта дека сака трансфер во јануари, а интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан, Интер и Јувентус.
Аталанта за неговата слобода бара 20 милиони евра, па останува да видиме дали споменатите клубови се спремни да ја платат оваа сума.
📰 #CorBergamo: #LuisMuriel wants more playing time and could leave #Atalanta in January. The Colombian is valued at €20m. #Juventus, #ACMilan and Inter are thinking about the player, he currently earns €2M. pic.twitter.com/ZBtHW4tTw7
— Milan Posts (@MilanPosts) December 12, 2021