Дома Фудбал Италија Алегри го казнил Артур: Задоцнил на тренинг, нема да игра против Венеција

Алегри го казнил Артур: Задоцнил на тренинг, нема да игра против Венеција

Утре Јувентус ќе игра против Венеција во рамките од Серија А, а од овој натпревар нема да биде дел Бразилецот Артур затоа што задоцнил.

Стратегот на Јувентус Масимилијано Алегри на денешната прес-конференција соопшти дека Артур нема да патува со тимот затоа што задоцнил на последниот тренинг утринава.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Венеција постигна многу голови дома, мораме да го почитуваме и да влеземе на теренот си вистинскиот менталитет. Воопшто нема да биде лесно, теренот изгледа помал. Со исклучок на Кјелини и јас пред многу години ниту еден наш играч не играл таму. Мекени тренираше одвоено и ќе се приклучи на останатите следната недела. Рамзи се уште е во аут. Артур исто така немаше среќа утрово задоцни на тренинг и нема да биде повикан“.

„Не е добро да задоцните на ден пред натпреварот. Сепак, некогаш се случуваат и вакви работи на тренинзите ќе се врати од вторник“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…