Дома Фудбал Италија Несторовски се врати, Удинезе загуби🎥

Несторовски се врати, Удинезе загуби🎥

Удинезе беше поразен на гостувањето кај Емполи (1:3), а кам-бек имаше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Удинезе прв дојде до водство уште во 22-та минута со голот на Деулофеу, но потоа домаќините направија комплетен пресврт.

Стојановиќ, Бајрами и Пинамонти во вториот дел погодија за триумф на Емполи од 3-1.

Несторовски доби шанса во последните минути и тоа за него беше враќање на терените после неколкумесечна пауза поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…