Милан во последните денови од летниот преоден рок го купи францускиот талент Јасин Адли и го остави на позајмица во Бордо.
21-годишниот играч за врска блеска оваа сезона и се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Франција, а вели дека само се подготвува за преселба на „Сан Сиро“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кога клуб како Милан те купува ти сакаш веднаш да одиш да играш таму, но оваа година ќе ми помогне многу. Исто така сакам да му помогнам на Бордо да има добра сезона. Тренерот очекува многу од мене“, изјави Адли.
„Кога ми се јави Малдини не можев да поверувам и веднаш кажав ДА на неговата понуда. Го следам секој меч на Милан и се надевам дека оваа сезона ќе го освои Скудетото“, додаде младиот Французин.
🚨 Yacine Adli to Le Parisien: “When a club like Milan signs you you want to go there right away but this year will serve me to prepare myself in a better way. I also want to help Bordeaux have a good season. The coach waits for me to be more decisive.” pic.twitter.com/Kvm6EDpH3x
— Milan Eye (@MilanEye) December 5, 2021