Италијанските обвинители може да го повикаат Кристиано Роналдо на распит поради истрагата на финансиските операции на Јувентус.
Минатата недела полицијата влезе во канцелариите на Јувентус, а обвинителството покрена истрага поради измами при прикажување на трансферните суми. Сомнителни се дури 42 трансфери на „старата дама“.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Обвинителството ќе ги испитува евентуалниот таен договор помеѓу Јувентус и Роналдо поврзан со неговата плата, како и со договорот за компензацијата која ја добил при трансферот во Манчестер Јунајтед.
Италијанските медиуми тврдат дека постојат телефонски разговори во кои директори на Јувентус зборуваат за сомнителни документи.
CR7, la scrittura privata resta un mistero. I Pm pronti a chiamare Ronaldo https://t.co/2L38BEtKZX
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) December 1, 2021