Дома Фудбал Италија Лацио – Удинезе: Несторовски и дружината на тешко гостување

Лацио – Удинезе: Несторовски и дружината на тешко гостување

Лацио падна на тебалата во Серија А и во мечот во четврток влегува по серија од два порази. Сега против Удинезе имаат императив да победат пред себе, но Удине и покрај променливата форма може да се каже дека игра над очекувањата сезонава.

Додека домашната екипа се наоѓа на осмата позиција, Удинезе е на 14-то место, пет бода повеќе од зоната за испаѓање, но со само шест бода помалку од Лацио.

Лацио мора до победа


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во жестоката трка за европските места не е потребно многу за да се падне драстично, но е потребно многу за да се напредува. Лацио веќе има пад и мора брзо да се врати на победничките патеки.  Лацио имаше навистина тежок период, но загуби од конкуренти што е уште еден голем удар за нив. Пораз од Јувентус со 0:2, па минатото коло уште потежок пораз од Наполи со 4:0.

Маурицио Сари уште пред две недели најави дека многу нешта ќе бидат појасни по овие два дерби дуели, но веројатно погреши со изјавата. Сега таа изјава е терет за него и неговите амбиции, но и притисок за неговите фудбалери.

Победата во четврток веднаш ќе го подигне расположението на стадионот Олимпико, но момците на Сари треба да испорачаат нешто дополнително, откако забележаа само шест победи од 14 меча оваа сезона.

Позитивната страна е што тие ја завршуваат годината со пет последователни средби против тимови кои се во долната половина на табелата, обезбедувајќи им совршена шанса да се зацврстат во првите шест екипи.

Удинезе игра добро, не не освојува бодови

Одличен старт имаше Удинезе и по првите неколку кола беше во горниот дел од табелата, при врвот. Но на последните 11 натпревари, почнувајќи од пред средината на Септември, Удине има само една победа, пет ремија и пет порази. Очајна серија која значи слаба позиција на екипата. Интересно, но Удинезе не изгледа воопшто лошо на теренот и може да се каже дека игра убав фудбал, но очигледно нема среќа да освои повеќе бодови.

Откако забележа само една победа во 11 првенствени натпревари, Лука Готи е свесен дека е дојден момент кога ќе мора да освојува бодови.

Конечно во оваа серија од 11 меча, во минатото коло Удинезе ја зачува својата мрежа, што можеби е добар знак но тоа се случи против Џенова која е очајна во последно време.

Тешко дека Удине може до бодови во Рим, но Лука Готи верува дека конечно и среќата ќе се најде на нивна страна, а таа секако е повеќе од потребна во фудбалскиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…