Дома Фудбал Италија Лоши вести за Мурињо: Познато колку време ќе паузира капитенот

Лоши вести за Мурињо: Познато колку време ќе паузира капитенот

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини се здоби со тешка повреда за време на мечот со Торино.

Денес на Пелегрини му беа напавени детални лекарски прегледи и од клубот потврдија дека најмалку шест недели ќе биде надвор од терените.

25-годишниот играч за врска е еден од најважните фудбалери на Рома, па ова сигурно е голем удар за Мурињо.

Пелегрини оваа сезона настапи на 13 меча на кои постигна 5 гола и запиша 2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Саливан урна MLS рекорд, па сам се искритикува: Бев ужасен

Филаделфија ја продолжи победничката серија против Чикаго, а 17-годишниот Каван Саливан по…