Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри се откажа од борбара за титулата и изјави дека целта на тимот оваа сезона е пласман во Топ 4.
Јувентус синоќа загуби од Аталанта на домашен терен и додатно се оддалечи од врвот, а прилично засотанува и од четвртото место на табелата.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Не ги користиме шансите кои ги создаваме. Аталанта имаше еден удар, ја искористи нашата грешка, и победи. Имаме многу добар состав, но некогаш тешко даваме голови. Постои анксиозност, играчите избрзуваат“.
„Никогаш не сум сметал дека сме фаворити за титулата. Целта е да се избориме за Топ 4. Ако бидеме реални, и притисокот ќе се намали. Штом сме на оваа позиција после 14 кола, значи ова ни е нивото во моментов“, изјави Алегри.