Дома Фудбал Репрезентации Шок за Ерменија: Лихтенштајн освои бод во Ереван!

Шок за Ерменија: Лихтенштајн освои бод во Ереван!

Големо изненадување вечерва се случи во нашата група и истото ни одеше во прилог.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лихтенштајн успеа на гости кај Ерменија да остане непоразен. Откако во минатото коло Ерменците доживеаа дебакл од Германија 6:0, сега на навивачите им приредија веројатно уште поголемо разочарување.

Доминираше Ерменија тоа го покажуваат и 27. упатени удари кон противничкиот гол, Лихтенштајн за споредба имаше само три. Ерменија поведе во финишот на првото полувреме со голот на Микхтријан. И тоа водство го имаа се до 80. минута кога Фрик погоди за студен туш на домаќинот.

Ова реми значи дека ако ние вечерва ја победиме Романија овој циклус ќе го завршиме со 11 бодови како второпласирни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…