Манчестер Сити спреми богата понуда за левиот бек на Аталанта и германски репрезентативец, Робин Госенс.
Пеп Гвардиола е голем симпатизер на квалитетите на левиот бек и сериозно размислува да го доведе на „Етихад“ ова лето.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Госенс одигра фантастична сезона во дресот на Аталанта, а блесна и на ЕУРО во дресот на германската репрезентација.
26-годишниот Германец има договор со клубот од Бергамо до јуни 2022 година. Поради тоа Аталанта ќе мора да го продава на лето, а Сити внимателно ја следи ситуацијата.
„Граѓаните“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда од 30 милиони евра за неговиот потпис.