Дома Фудбал Постигнат договор: Модриќ останува во Реал Мадрид

Постигнат договор: Модриќ останува во Реал Мадрид

Лука Модриќ ќе игра во Реал Мадрид и наредната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.

Актуелниот договор на Модриќ со Реал е со важност до јуни 2021 година, а двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2022 година.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


35-годишниот фудбалер е исклучително важен дел од тимот на Зидан, но исто така има големо влијание во соблекувалната.

Модриќ ги прифатил условите на Реал Мадрид и се согласил за значително намалување на платата.

Хрватот моментално заработува 12 милиони евра по сезона, а новиот договор не е ни приближно до оваа сума.

Модриќ пристигна во Реал од Тотенхем во 2012 година и се етаблираше во еден од најтрофејните играчи на „кралскиот“ клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зимска трансфер „бомба“: Лукман од 40 милиони евра!

Адемола Лукман не успеа да го оствари својот трансфер летоска, но може да го реализира ова…