Дома Македонски спорт Трстена: Јас не бев никој пред проклетиот вирус без сила и надеж, докторите се херои!

Трстена: Јас не бев никој пред проклетиот вирус без сила и надеж, докторите се херои!

Легендарниот македонски борач и поранешен освојувач на златен медал Шабан Трстена веќе извесен период е во болница каде што се бори со коронавирусот.

Трстена денес се огласи на социјалните мрежи и изрази благодарност и апелираше докторите кои се борат со вирусот да бидат наградени.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


“Драги мои, пријатели,добро утро Вог нека е со нас, браќа и сестри, спортисти, професори, уметници, писатели, новинари, студенти и сите мои сограѓани. Се што можам да ви кажам е следно: Имам една замолница, да апелирам до нашиот премиер Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Град Скопје, Петар Шилегов и до сите лидери на политичките партии. Јас сум спортист на 20-от век во нашата држава Македонија, а веќе поминувам 15 дена во борба против еден невидлив непријател наречен Ковид 19. Се уште се лекувам во болница и искрено со свои очи ги гледам овие херои облечени во бело. Некои од тие доктори го загубија и својот живот, а сите други продолжуваат да си го ризикуваат животот за да го спасуваат животот на другите од проклетиот коронавирус. Вака овие три последни денови, јас, односно мојата душа, беше непосредно блиску со смртта, од непредвидливиот непријател Ковид-19. Почитувани добри луѓе, ви се колнам во името на БОГА, немојте да мислите дека јас како голем спортист и шампион го совладав овој голем непријател, не, никако, тоа не е точно. Јас не бев никој пред проклетиот вирус без сила и надеж.Му благодарам само на БОГ, дека тоа било пишано што денес што сум жив и дека од денес се чувствувам многу подобро. Секако дека благодарноста од се срце им оди на моите лекари и нивниот персонал, хероите, кои ми помогнаа и се грижеа 24 часа секој ден и секоја ноќ. Ви благодарам од се срце и на сите пријатели од цел свет за убавите зборови и молитви и големиот БОГ што ги слушна вашите молитви за мојата болест. Амин. Чудно ми е, како тие имат големо срце, влегуват од соба во соба, одат од човек до човек, се жртвуваат себеси со заразната болест од коронавирусот, своите најблиски, само да не лекуваат нас. Овие херои заборавија дека имаат свои деца и заборават дека имаат одмор, дека треба да јадат и да спијат навреме. Ако некој треба да биде прогласен за херој во оваа борба против непријателот коронавирусот, без сомнение тоа треба да биде целиот болнички персонал, почнувајќи од лекарите, медицинските сестри и целиот персонал кој е на фронтот против невидливиот непријател, што го нарушува животот во целата планета. Дури и на Балканскиот полуостров, во мојата татковина земја Македонија, и јас бев прилично тешко погоден од овој непријател, кој напаѓа без оглед на која вера и припаѓате или од која нација сме. Јас немам повеќе зборови за да ја опишам честа што ми ја прават овие херои, лекарите. Тие се грижат не само за мене, туку исто така и за секој пациент се грижат подеднакво. Во мое име како олимписки шампион, како една личност, како спортист што сум патувал и го видел секој дел на светот, како спортист и достоен верник на Бога со раката на срце, со мојата гордост, спортски дух, им велам: Ви благодарам, бидете благословени и ви посакувам, ГОСПОД да Ве чува и да Ве награди за непрекината работа и жртвување што ја правите за нашиот народ во оваа земја, Македонија. Јас толку имав, ви ја кажав реалноста што ја видов, ја доживеав и ја почувствува мојата болна душа. Значи, почитуван премиер Заев, почитувани министри и вие, драги мои сограѓани, оваа моја официјална објава, не ја правам за некој функционер, некој друг или лично за мене. Јас како спортист со големи заслуги, ги добив сите светски големи награди и домашни признанија, ова го кажувам со искреност и од срце за нашите херои кои својата работа ја прават максимално посветено да ги спасат животите на нашите семејства, мајки, татковци, браќа, сестри и деца. Да, тие и за мене го прават тоа, бидејќи во моментот се уште сум во болница.Сите није што сме во креветите во болниците, Господ да не заштити и зајакне, и оние што починаа засекогаш, нека Бог ги смилува и нивните души нека бидат во рајот.Ја користам можноста и моментот уште еднаш да апелирам до премиерот и целиот државен апарат, дека овие големи херои облечени во бело треба да им дадеме мотовација и бидат наградени, украсени со највисоки државни почести. Ова ќе се запишува и ќе ја кажува историјата низ вековите. Ова ќе биде меѓународна гордост на нашата мала земја, но од големо срце што знае да ги цени и наградува големите херои, во овој случај лекарите. Бог да го благослови нашиот народ. Со почит, срдечни поздрави од вашиот олимписки шампион“, напиша Трстена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…