Дома Македонски спорт „Македонија не изненади, не очекувавме тим со толку големо фудбалско знаење“

„Македонија не изненади, не очекувавме тим со толку големо фудбалско знаење“

Репрезентацијата на Македонија доживеа пораз на стартот од мундијалските квалификации од селекцијата на Романија (2:3).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашата селекција прво пропушти голем број прилики и Романија не казни. Водеа домаќините во Букурешт 0:2 се до последните 10 минути кога изедначивме на 2:2, за жал Хаџи стрелаше за победа на Романија и конечни 3:2.

Техничкиот директор на Фудбалската федерација на Романија, Михаи Стоичита по натпреварот испрати пофалби за нашата репрезентација.

„Мора да бидеме искрени и да кажеме дека натпреварот можеше да заврши и поинаку. Сите ние во Романија очекувавме лесна задача. Го познававме Пандев и уште два-три играчи, но не очекувавме да видиме вака гладен тим со волку големо фудбалско знаење. Среќни сме, најважни се трите бода, Македонија имаше извонредни шанси, но успеавме да се извлечеме“, изјави Стоичита.

Веќе во недела нашата репрезентација ја очекува нов натпревар против селекцијата на Лихтенштајн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бројките велат, Нејмар е и тоа како важен за Бразил!

По подолго време, Нејмар се врати на теренот играјќи за бразилската репрезентација и ведна…