Дома Македонски спорт Мак фудбал Ѓока откако Шкендија ја прекина кризата: Притискавме и го натеравме противникот да погреши

Ѓока откако Шкендија ја прекина кризата: Притискавме и го натеравме противникот да погреши

Шкендија беше во криза, тетовскиот беше без гол триста минути се до финишот од натпреварот против Пелистер кој го добија со 1:0.

Стратегот Ернест Ѓока е задоволен од тоа како се однесувал тимот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Натпреварите одминуваат, а така работите стануваат потешки. Важно за мене е што тимот покажа дух и го контролираше натпреварот. Противникот немаше многу шанси, чекаше шанса од контра. Поголемиот дел од времето топката беше во наш посед. Ритамот во второто полувреме беше посилен, физички бевме надмоќни и го натеравме противникот да погреши, така постигнавме гол“, изјави Ѓока.

Во овој момент Шкендија е лидер на табелата со седум бода повеќе од Шкупи кој е второпласиран.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…