Македонската ракометна репрезентација ги има последните подготовки пред утрешниот натпревар против Светскиот шампион Данска.
Данска е веќе во Скопје и натпреварот е закажан за утре во 20:00 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спремни се за овој предизвик. Имавме доволно време, подготовките ги започнавме два дена порано. Комплетни сме, Пешевски ни се придружи во вторникот, а останатите интернационалци се тука од понеделник. Добро знам како треба да се подготвуваме и слободно можам да кажам дека спремни сме за Данска. Меѓутоа не смееме да заборавиме дека играме против репрезентација која е светски и олимписки шампион“.
„За мене како селектор и за сите играчи треба да биде чест што едно ново поглавје започуваме со најдобрата репрезентација на денешницата. Се надеваме, тоа е спортски, а јас како сeлектор и капитен доделив јасни задачи на играчите. Комплетната слика за оваа Македонија ќе ја имаме после двата натпревари. Од видео анализата научивме многу работи, дури и јас кој сум видел толку многу во ракометот. Не се случајно два пати светски шампиони едно по друго“, изјави Лазаров.