Дома Фудбал Постигнат договор: Модриќ останува во Реал Мадрид

Постигнат договор: Модриќ останува во Реал Мадрид

Лука Модриќ ќе игра во Реал Мадрид и наредната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Модриќ со Реал е со важност до јуни 2021 година, а двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2022 година.

35-годишниот фудбалер е исклучително важен дел од тимот на Зидан, но исто така има големо влијание во соблекувалната.

Модриќ ги прифатил условите на Реал Мадрид и се согласил за значително намалување на платата.

Хрватот моментално заработува 12 милиони евра по сезона, а новиот договор не е ни приближно до оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Биелса по испаѓањето им се развика на новинарите: Доста веќе!

Познато е дека Марсело Биелса не е љубител на разговори со новинари, а се чини дека испаѓа…