Килијан Мбапе синоќа беше брилијантен на Камп Ноу и со три гола му донесе на ПСЖ голема победа против Барселона (1:4) во првиот дуел од осминафиналето во ЛШ.
Мбапе беше незапирлив за одбраната на Барселона, а со оглед дека одамна се поврзува со Реал Мадрид, новинарите после натпреварот го прашаа дали по крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Дресот на ПСЖ е драг на моето срце. Мојата иднина? Би било глупаво да одлучувам за мојата иднина на еден натпревар. Отсекогаш сум зборувал дека тука сум среќен.“ – рече Мбапе.
Она што е сигурно, ако продолжи вака, неговата цена само може да расте и на лето во некој рекорден трансфер би можел да го напушти Париз.