Веројатно најдобриот натпревар до сега на Светското првенство го одиграа Хрватса и Јапонија.
Ретко кој очекуваше дека ќе гледаме еден супер натпревар помеѓу овие две селекции, очекувањата беа Хрватска да ја оправда фаворитската улога и лесно да дојде до победата. Сепак, Јапонците не мислеа така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватска на поведа на самиот старт со 1:0, но тоа беше единственото водство на Хрватска во натпреварот. Следуваа неверојатни минути на Јапонците кои поведоа со +5 (2:7). По тој перод следуваше игра гол за гол, Хрватска дојде и на -3 (7:10). Сепак, Јапонија одново заигра како на стартот па стигна и до највисоки +6 (8:14).
До крајот на првиот дел Хрватите сепак успеаа до некаде да се консолидираат и на полувреме Јапонија имаше предност од три гола со 14:17.
Во вториот дел продолжи фантастичниот ракомет, Хрватска дојде до изедначување, а потоа како и во еден дел од првото полувреме гледавме игра гол за гол. Хрватска во последните минути имаше неколку напади да дојде до водство (првпат после тие 1:0), но никако не успеваа.
На 9 секунди до крајот Хрватска се спаси од пораз и тоа со гол од седмерец на Чупиќ. Конечниот резултат гласеше 29:29.