Денес официјално подготовките ги започна и тимот на Шкупи.
Клубот од Чаир со познати лица ги започна подготовките, ново име е само Трапановски кој во клубот пристигна од Академија Пандев. Клубот во овој период води преговори за да доведе засилувања. Најголема промена е што го нема најдобриот играч Дембо Дарбо кој се пресели во Белорусија. Освен напаѓачот од Гвинеја клубот го напуштија уште Глишиќ и Јусуф.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Тука е и промената на тренерската позиција, Хасан Озер се запозна со фудбалерите и попладнево го имаше првиот тренинг со новата екипа.
После првиот дел од сезоната Шкупи е на делба на второто и четвртото место со ист број на бодови колку што има и Македонија Ѓорче Петров.