Месец ипол после смртта на Диего Марадона нема мир. Како по обичај, кога почине некоја славна и богата личност следува борбата за наследството.
Себастијан Баглието, човекот задолжен за наследството на легендарниот фудбалер на прашањето што е највредно што Марадона го оставил, одговорил: „Радоста која му ја даде на светот.“
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
За деталите повеќе информации има Матијас Морла кој откри дека Марадона во тестаментот оставил, верувале или не, само три автомобили.
Таа вест го шокира синот на Марадона кој веднаш најави дека ќе замине за Буенос Аирес, што не го стори тоа кога почина неговиот татко.
„Главната цел на ова патување е да се простам од мојот татко бидејќи не бев на неговиот погреб.“ – рече Марадона Јуниор.
Меѓутоа, тој најави дека сака да расчисти некои работи и околу тестаментот.
„Бев изненаден кога адвокатот Морла рече дека во тестаментот има само три возила. Има многу темни работи, сакам да ги расчистам.“ додаде тој.
Секое дете на Марадона има посебен претставник и се чини дека борбата за наследството, какво-такво, допрва следува.