Дома Останати Кошарка „Јокиќ може да биде најдобар на светот, ако тоа го посака“

„Јокиќ може да биде најдобар на светот, ако тоа го посака“

Никола Јокиќ и оваа сезона игра добра кошарка.

Српскиот кошаркаер е вистинска трипл-дабл машина и скоро да нема натпревар во кој нема да го направи овој учинок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јокиќ има голема поддршка и од тимот. Соиграчот Вил Бартон е убеден дека Никола може да биде најдобар на светот, ако тоа го посака. Откри што му зборува пред секој натпревар.

„Излези и освој ја МВП наградата. Можеш да бидеш најдобар на светот, ако тоа го посакаш.“ – рече Бартон и додаде:

„Се е до него. Немам што повеќе да кажам…“

Јокиќ оваа сезона има просек од 24.1 поен, 11.9 асистенции и 11.7 скокови по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатниот Дончиќ продолжува да доминира, сè поблиску до наградата за МВП

Во кошаркарската ноќ на НБА, која понуди 12 натпревари, својата кандидатура за престижната…