Челзи во текот на летото доведе неколку звучни засилувања, но ќе продолжи да купува и во текот на јануари.
„Сините“ сакаат да направат што подобар резултат во Премиер лигата и се најавуваат обиди да доведат некои играчи во јануарскиот преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бидејќи се најавуваат нови имиња логично е да се размислува и за некои заминувања, англиските медиуми сега пишуваат дека од Челзи би можеле да си заминат дури седум играчи.
На листата играчи кои би требало да бидат продадени се: Алонсо, Жоргињо, Рудигер, Кристенсен, Баркли, Мосис и Дринквотер. Сите наведени скоро и да немаат улога во актуелниот тим, па и за очекување е да им се покаже излезната врата.