Фудбалската Федерација на Македонија денес ги одреди судиите за 18. коло во првата македонска фудбалска лига.
Ова коло ќе биде посебно за еден од нашите најдобри судии, Димитар Мечкаровски. Мечкаровски ќе го суди дуелот помеѓу Шкендија и Пелистер и ова ќе биде негов последен меч во домашното првенство.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Во останатите дуели, Јосип Бартом ќе суди на Беласица – Вардар, Стојанче Трпчевски на Македонија Ѓ.П – Ренова, Марјан Гоцевски на Шкупи – Стрим Лум, Александар Грујоски на Работнички – Борец и Јован Качевски на дуелот Силекс – Академија Пандев.
Сите натпревари се играат во среда од 13:00 часот.