Во последен час второлигашот Вардар Форино беше спасен и тоа од страна на општина Гостивар.
Општина Гостивар со 100.000 денар го спаси Вардар Форино кој сега ќе продолжи да се натпреварува. Вчера беше најавено дека поради неисплатени плати, Вардар Форино нема да го игра дуелот со Влазерими, сепак денес информациите се поинакви.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најавите беа дека клубот ќе почне од почетокот и ќе се врати во четвртата лига, сепак сумата од 100.000 денари ќе помогне клубот да продолжи да биде второлигаш.
Утре 13:00 часот Вардар Форино ќе го игра натпреварот против против Кораб во рамките од 13. коло во втората лига. Вардар Форино се наоѓа на осмата позиција на табелата со 12 освоени бодови.