Дома Фудбал Англија Солскјер: Ако јас не верувам во себе и во тимот, кој ќе верува?

Солскјер: Ако јас не верувам во себе и во тимот, кој ќе верува?

Оле Гунар Солскјер откри дека има целосна поддршка од управата на Манчестер Јунајтед и покрај гласините кои стигнуваат од ден во ден дека ќе добие отказ.

Норвежанецот влезе во сезоната со Јунајтед со само две победи во шест премиерлигашки натпревари. Во Англија неговиот тим се наоѓа на 15. позиција.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Ако јас не верувам во своите вредност и квалитет, како и во квалитетот на моите играчи тогаш кој ќе верува? Не се распаѓам како кула од карти после два лоши резултати. Навистина, тоа е чекор назад, но се прави нешто преголемо од тоа што не постигнавме голови против Челзи и Арсенал. Сите видовте како игравме против ПСЖ и Лајпциг, мораме да веруваме и да бидеме позитивни“, изјави Солскјер.

Натпреварот од ова коло Јунајтед го игра утре против Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА го избра Донарума за најдобар голман во светот!

Италијанецот Џанлуиџи Донaрума е прогласен за најдобар голман за 2025 година според ФИФА, …