Дома Топ вести Венгер спрема ИЗНЕНАДУВАЊЕ – Купува напаѓач од Манчестер?

Венгер спрема ИЗНЕНАДУВАЊЕ – Купува напаѓач од Манчестер?

Арсен Венгер сака напаѓач, а смета дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед би бил идеален за неговиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Топџиите“ наводно спремаат понуда за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал. Англиските медиуми пренесуваат дека Французинот е огромна желба на Венгер кој сакаше да го доведе уште пред две години кога Марсијал од Монако премина во Јунајтед.

Марсијал во изминатата сезона баш и не се наигра кај Жозе Мурињо кој често пати покажуваше дека нема многу доверба во неговите квалитети.

Прва опција за Арсенал беше Мбапе од Монако, но според сегашната ситуација, „топџиите“ тешко дека можат да париераат на понудата на „кралевите“.

Од друга страна веруваат дека за Марсијал нема да има многу место во Јунајтед бидејќи Мурињо има немера да доведе уште двајца офанзивци ова лето, Алваро Мората и Иван Перишиќ.

Марсијал во Арсенал би имал загарантирано место во првиот тим, а нема сомневање дека би му одговарал стилот кој го преферира Арсен Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…