Екипата на Вардар потврди дека во тимот има двајца позитивни ракометари на Ковид-19.
Двајцата позитивни како што потврдуваат од Вардар немале контакт со соиграчите и според протоколите се испратени во изолација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Соопштението на Вардар ви го пренесуваме во целост:
Вардар 1961 согласно протоколите го тестираше целиот тим
Во следниот период Вардар 1961 ќе се подготвува за два дуели со Кјелце во рамките од ЕХФ лигата на шампионите, а од денеска тимот е повторно на собир и тренира во СЦ „Јане Сандански“. Во тимот недостасуваат играчите кои се со своите репрезентации, и вкупно седум ракометари ќе настапат во рамките од ЕХФ неделата.
Пред почетокот на тренирањето направени се тестирања. При добивањето на резултатите од тимот, стручниот штаб и сите кои се во меѓусебен контакт, двајца членови на тимот добија позитивен резултат.
Играчите кои имаат позитивен тест немале допир со соиграчите, и резултатите пристигнале пред тренингот, па тие воопшто не се појавиле во сала. И двајцата членови на нашиот тим немаат симптоми и познато е дека се заразиле од блиски. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два кои се појавија во тимот.
Согласно протоколите истите нема да бидат со екипата. Другите ракометари продолжуваат со тренирањето и се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот.