Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер несреќно поразен во Данска

Еурофарм Пелистер несреќно поразен во Данска

Еурофарм Пелистер во првиот натпревар од Лига Европа беше поразен на гостувањето кај Гудме со 30:29 со гол во последната минута.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот меѓу Гудме и Еурофарм Пелистер беше изедначен цело време, па на полувреме се замина со резултат 14:14.

На почетокот на второто полувреме домаќините отворија подобро, но Битолчани се вратија и на десет минути до крајот резултатот беше 25:25. На крајот Еурофарм Пелистер несреќно загуби во финишот со резултат 30:29.

„Тажен сум, но во исто време и многу горд што мојот тим одигра храбро. Беа многу цврсти во одбраната и одлично се снаоѓаа во незгодните ситуации. За да се одигра цел натпревар на ниво, потребна е голема доза на концентрација. Имавме шанса за реми, но домашниот голман го спречи тоа“, изјави тренерот Бабиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …