Боксерот на Шкупи и член на македонската репрезентација, Ардијан Аземи е победник на Меѓународниот тунир „Лах Нимани“ во Приштина.
На еднодневниот турнир со скратена програма, настапија боксери од три земји, домаќинот Косово, Македонија и Албанија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ардијан Аземи победи во категоријата 91 килограм, боксерот на Шкупи и кандидат на репрезентацијата за настап на ЕП во Будва во ноември, со прекин го победи Клодиан Дода од Албанија.
Претставникот на Шкендија Но Лимит, Милан Петковски, загуби од Сантијаго Селимај од Албанија во категоријата 69 килограми со прекин.
Натпреварите се одржаа во „Палатата на спортовите“ во Приштина.