Дома Фудбал Репрезентации Куп на конфедерации: Голем пропуст на Португалија против Мексико, Чиле го скрши Камерун

Куп на конфедерации: Голем пропуст на Португалија против Мексико, Чиле го скрши Камерун

Репрезентацијата на Португалија вчера во Казан одигра 2:2 против Мексико во вториот натпревар од групата А на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија.

Португалците два пати водеа, но на крајот мораа да се задоволат само со бод, бидејќи Хектор Морено во судиското надополнување постигна гол за изедначување.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Головите за Португалија ги постигнаа Рикардо Кварезма во 34.минута и Андреш Седрик во 86.минута. Првиот гол за Мексико беше дело на Чичарито во 42.минута.

Со погодоците на Видал и Варгас, Чиле тргна победнички во Русија.

На својот деби натпревар на Купот на Конфедерации, популарните „Ла Роха“ со 0-2 слаевеа над Камерун.

Јужноамериканците беа фаворити, но долго време се мачеа и отпорот на противникот го скршија дури во завршницата.

Видал најпрво погоди за 0-1 во 81. минута, а кончниот резултат го постави Варгас во првата минута од судиското надоплнување.

Натпреварот го одблежеаа и две одлуки со помош на видео технологијата. Во првото полувреме најпрво му беше поништен гол на Варгас поради офсајд, а во вториот дел, голот на напаѓачот беше признат откако помошникот го крена знаменцето поради офсајд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рекорд: Баерн Минхен направи нешто што не му успеало на ниту еден гигант во топ-5 лигите

Фантастичен подвиг за Баерн Минхен. Баварскиот гигант постави нов рекорд во европскиот фуд…