Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев пред денешниот натпревар против Грузија истакна дека атмосферата во тимот е одлична.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пандев потенцираше дека Македонија на ова гостување доаѓа по трите бода и сака да си замине со победа.
„Важни беа трите бода со Ерменија како за почеток. За разлика од Скопје тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Кај нас атмосферата е одлична, никогаш не ни била на вакво ниво. Свесни сме дека не сме 100% подготвени но во овој дрес секогаш треба да се даде максимумот и само така може да се стигне до посакуван резултат“, изјави капитенот Горан Пандев.
Поради повреди селекторот нема да смета на Иван Тричковски и Кире Ристевски.