Милан е многу активен во летниот преоден рок и сака значително да го засили тимот за конечно да се врати во Топ 4 во Серија А.
Откако го продолжија договорот со Ибрахимовиќ и практично го договорија трансферот на големиот италијански талент Сандро Тонали, сега „росонерите“ твргнуваат кон ѕвездата на Лил, Бубакари Сумаре.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.
Европските гиганти веќе покажаа силен интерес за Сумаре, но француските медиуми тврдат дека Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.
EXCLU – Mercato – LOSC : Le Milan AC de plus en plus chaud sur Soumaré ! https://t.co/QABSNmVTaY pic.twitter.com/DauUZpDzq8
— le10sport (@le10sport) August 31, 2020