Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Еспањол, Марк Рока.
Рока има 23 години, одигра одлична сезона во Еспањол и го привлече вниманието на многу европски гиганти како Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Играчот има откупна клаузула од 40 милиони евра, но после испаѓањето во втора лига цената на Рока додатно ќе падне.
Милан веќе започнал преговори и се надева дека ќе може да го доведе шпансиот репрезентативец за 25 милиони евра.
Рока важи за еден од најголемите шпански таленти и може да игра на сите позиции во средниот ред.