Дома Фудбал Бартомеу: Чави еден ден ќе биде тренер на Барселона

Бартомеу: Чави еден ден ќе биде тренер на Барселона

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу призна дека Чави сигурно ќе биде тренер на каталонскиот клуб во блиска иднина.

Во моментов на кормилото седи Кике Сетиен, но медиумите се сигурни дека на крајот на сезоната ќе има тренерска смена на „Камп Ноу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Порано или подоцна Чави ќе биде тренер на Барселона. Меѓутоа, сега не бараме нов тренер, бидејќи го имаме Сетиен. Имавме една нетипична сезона, ќе играме во август и Сетиен ќе го води тимот. Ако го победиме Наполи ќе одиме во Лисабон на финалниот турнир од Лигата на шампиони“, изјави Бартомеу.

40-годишниот Чави неодамна го продолжи договорот со катарскиот клуб, но изјави дека е спремен да го преземе кормилото на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…