Премиерлигашот Евертон покажува силен интерес за холандскиот репрезентативец Мемфис Депај.
Депај има уште една година од договорот со Лион, но е спремен ова лето да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради пандемијата сезоната во Франција заврши предвреме, па цените на фудбалерите драстично ќе паднат, а Депај инсистира на трансфер.
Медиумите на Островот тврдат дека „карамелите“ се спремни да платат 30 милиони евра бидејќи Депај е голема желба на Карло Анчелоти.
Доколку се реализира трансферот тоа за Холанѓанецот ќе биде враќање во Премиер лигата, каде од 2015 до 2017 година го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.