Едно од приоритетните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок веројатно ќе биде класичен напаѓач.
Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус ова лето ќе се раздели со Гонзало Игуаин, а прво име на списокот е ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот.
Моментно вредноста на Кејн е 150 милиони евра и има договор со Тотенхем до 2024 година. „Спарси“ нема лесно да се откажат од својата ѕвезда, па „бјанконерите“ ќе треба добро да го одврзат кесето.
Притоа, треба да ја победат и големата конкуренција, бидејќи за Англичанецот се заинтересирани уште Реал Мадрид и Манчестер Сити.