Денес Европската фудбалска унија (УЕФА) преку конференциски состанок со сите свои членки донесе неколку важни одлуки.
Во обид да најде најдобро решение, УЕФА реши завршниците на европските купови односно Лигата на шампионите и Лига Европа, да се доиграат во јули и август, односно пред ждребот за следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако првично беше предвидено финалните натпревари да се одиграат на 24 и на 27 јуни, сепак тие ќе бидат презакажани за подоцна во летото.
Засега од УЕФА нема прецизни термини, ниту информација како би се доиграле нокаут фазите, кои застанаа на половина од осминафиналната рунда.
Најверојатно финалните натпревари во Лигата на шампиони чиј домаќин треба да биде Истанбул и оној во Лига Европа што треба да се одржи во Гдањск, најверојатно ќе се одиграат без публика.