Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро е да се потсетиме на легендарните моменти од спортот.
Лигата на шампиони е во прекин и не се знае кога точно ќе продолжи, а на љубителите на фудбалот сигурно им недостасува најквалитетното европско натпреварување.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Ние денес ќе ве потсетиме на најлудото и најинтересно финале во поновата историја во Лигата на шампиони, а тоа е секако легендарната пресметка од Истанбул.
Таа 2005 година Милан и Ливерпул се сретнаа во финалето и „росонерите“ важеа за големи фаворити, па веќе на полувремето имаа предност од високи 3:0.
Потоа следеше епски пресврт на Ливерпул кој само за 6 минути во второто полувреме постигна три гола и мечот го однесе во продолженија, а потоа при изведувњето на пенали голманот Дудек беше херој и му донесе титула на „црвените“.
Две години подоцна Милан и Ливерпул повторно се сретнаа во финалето во ЛШ во Атина и „росонерите“ се одмаздија и го кренаа највредниот трофеј.
Од тогаш во Милано постои поговорка „После Истанбул секогаш доаѓа Атина“ аналогно на она „После дождот секогаш доаѓа сонце“…. поговорка која треба да ја имаме на ум во овие тешки денови.
Овде можете да го гледате цел натпревар.