Дома Фудбал Лига на шампиони Официјално: Одложен мечот Манчестер Сити – Реал Мадрид

Официјално: Одложен мечот Манчестер Сити – Реал Мадрид

Додека се чека конечната одлука за иднината на европските натпреварувања и Европското првенство, УЕФА денес потврди дека е одложен мечот помеѓу Сити и Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралскиот“ клуб од денес е во 14-дневен карантин, па беше јасно дека нема да може да го одигра мечот со Манчестер Сити, кој беше закажан за 17-ти март.

Поради тоа денес УЕФА потврди дека реванш осминафиналниот дуел од Лигата на шампиони кој требаше да се игра на „Етихад“ е одложен.

Во меѓувреме од Европската фудбалска централа потврдија дека во вторник, 17-ти март, ќе се одржи итен состанок преку видео-конференција и ќе биде донесена конечна одлука за Лигата на шампиони, Лига Европа како и за Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ибрахимовиќ воодушевен од младата ѕвезда на БиХ: Играше како стадионот да е негов!

Босанската фудбалска репрезентација блескаше со победа од 3:1 против Катар, осигурувајќи г…