Хари Кејн денес започна да тренира по индивидуална програма, соопштија медиумите во Англија.
Капитенот на Тотенхем започна со индивидуални тренинзи порано од очекуваното, што значи дека рехабилитацијата тече одлично.
Напаѓачот е надвор од терените од јануари, кога се повреди на мечот со Саутемптон во Премиер лигата. Првично дури под знак прашалник беше и неговото учество на Европското првенство.
Меѓутоа, Хари Кејн се опоравува побрзо од предвиденото, па можно е да одигра неколку меча пред завршување на сезоната во Премиер лигата.
Love being back on the grass with a ball at my feet ?? pic.twitter.com/9b8klAmFmw
— Harry Kane (@HKane) March 9, 2020